
АК „7 Ноември“ со одлични резултати на „Виз Ер Скопски маратон“
На
традиционалниот „Виз Ер Скопски маратон“ под мотото „Трчањето ќе те промени“, што се одржа на 4 октомври, 2020 година, во Скопје, учество зедоа 20 члена од АК „7 Ноември“- Гевгелија. На маратонот учествуваа 1500 учесника од земјава, а се натпреваруваа во три дисциплини: маратон, полумаратон и штафетен маратон.
На маратонската трка, на 42 километри, за прв пат, настапи Деан Јовановски, на полумаратонот, на 21 километар трчааа: Тодор Петков, Валентина Узунова, Никола Ковачев, Драган Ристов, Бојан Атанасоски, Дарко Прошевски, Александар Ќосев, Ангел Арнаудов, Христијан Алаѓозовски, Христина Алаѓозовска, Стојан Делев, Русимка Динева, Игор Коцевски и Александар Мурџев, додека штафетниот маратон го истрчаа Александра Атанасоска Петкова, Радмила Колева, Гордана Анастасова, Драгица Манева и Тодор Анчев.
Тоше Анчев го освои првото место во штафетата за мажи, со колеги од Прилеп, додека женската екипа на „7-ми Ноември“ го освои третото место.
- Ни беше важно да учествуваме на овој единствен и најпрестижен маратон во нашата земја, изјавија сите атлетичари на гевгелискиот атлетски клуб после трката, додека резултатите ни беа, како млад клуб, во втор план, истакнаа учесниците од АК „7 Ноември“- Гевгелија.
Стартот и целта на учесниците беше пред спортскиот центар „Борис Трајковски", а патеката по која што трчаа остана иста како и минатите години.
„Виз Ер Скопски маратон 2020" се одржа во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Атлетската федерација, Атлетскиот клуб „Работнички" и други помагатели и под покровителство на Град Скопје, Канцеларијата на Европската Унија во Скопје и Агенцијата за млади и спорт.