
Високи признанија за медот на ЗГ „Нектар“
На
Меѓународните саеми во Тузла и Нови Сад за производство на мед, Здружението на граѓани „Нектар“, во кој членуваат пчелари од Гевгелија и Бодганци, се здобија со највисоки признанија за квалитетот на локалниот мед. Членовите: Игор Илков за ливадски мед освои златен медал, а Ристо Koванцалиев, Стојче Стојановски, Димитар Ѓорѓиев и Златко Трајанов златен медал за дабов мед. Во Тузла, според мислењето на стручните лица, македонскиот мед е прогласен за највалитетен на Меѓународниот натпревар за квалитет на медот.
На Новосадскиот саем, Игор Илков заедно со Златко Трајанов освоија златни медали за ливадски мед,
Претстедателот за ЗГ „Нектар“, Игор Илков, истакна дека овие награди ќе им бидат поттик на Здружението во борбата за уште поквалитетно производство на пазарот за мед.