
Светската недела на детето Домот на културата ја одбележа со Ликовна работилница
Домот
на културата „Македонија“- Гевгелија, во петокот ја одржа Ликовната работилница по повод Светската недела на детето. На работилницата учество земаа деца на различна годишна возраст. Нивните ликовни творби беа изложени во фоаејто на Народниот театар.
Во соработка со Општатата болница со проширена дејност- Гевгелија, односно со педагошко-психолошката служба при Болницата, беше прикажана и видео-презентација за борбата против прекумерното користење паметни телефони, таблети и компјутери, нивното влијание и причините за ограничување на нивната употреба.
Исто така, следеше и премиерно прикажување на реклама од сопствената продукција на Домот на културата која содржи сцени со примери од секојдневието на едно дете кое е исполнето со прекумерно користење на технологијата, но и пример за изнаоѓање решение како детето да се оттргне и да ја намали зависноста од „паметните уреди“, секако, во насока на културниот развој на детето.
Настанот се реализираше со почитување на мерките за заштита од Корона вирусот.