
Ликовните дела на: Кованцалиев, Јанев, Јованов и Массетти- дел од Годишната изложба на ДЛУМ
Гевгелиските
ликовни уметници, членови на ДЛУГ: Перо Кованцалиев со „Интерен цртеж“, Александар Јанев со скулптурата од ореово дрво „Ден и ноќ“, Горан Јованов со „Преродба“ и Мирјана Крстева Массетти со „Тајна“ учествуваат на Годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. На изложбата учествуваат 57 македонски уметници, членови на Друштвото, чии: дела, слики и скулптури се изложени во галеријата „Мала станица“ во Скопје“. Свеченото отворање на изложбата беше на 20 октомври, а љубителите на уметноста ќе можат да ја погледнат поставката до 30 октомври, 2020 година.
„Во Годишната изложба нема селекција и сите членови на ДЛУМ, учествуваат со по едно дело. Тоа е еден пресек во годината кога сакаме да им дадеме можност на сите наши членови да изложуваат. Оваа изложба покажа дека уметниците сакаат да го покажат своето актуелно творештво, да бидат присутни на ликовната сцена, а помладите покажаа една нова енергија која е добредојдена во ДЛУМ“, истакна на отворањето Дијана Томиќ-Радевска, претседател на Уметничкиот совет на ДЛУМ.