
Културната програма по повод 7 Ноември збогатена со чалгиска музика и етнолошка поставка на традиционални предмети
Домот
на културата „Македонија“- Гевгелија, по повод 7 Ноември, Денот на ослобдувањето на Гевгелија, пред почетокот на Свечената седница и по седницата, на 7 ноември, 2020 година, ја збогати пригодната програма со нумери на чалгиска музика во изведба на новоформираниот Ансамбл „Чалгија“ при Домот на културата.
Со репертоарот од песните: „Ој Ѓорушице“, „По друм одам мајче“ и ората: „Невестинско венчално“ и „Пембе оро“ беше претставен секстетот при Ансамблот. Покрај музиката, присутните можеа да уживаат и во малата етнолошка поставка со 4 комплетни женски носии од етничките предели: Скопска Црна Гора, Скопска Блатика, Мијаци Азот и Мегленски Власи од Бојмија: и предмети од традиционалната култура, меѓу кои и добро познатиот традиционален ударен инструмент тапан.