
Уште еден успех на членовите на Мотокрос клубот „Гевгелија“
Tројца
членови на Мотокрос клубот „Гевгелија“ се вратија со освоени високи места на Третата трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос во Битола. Димитар Маџунков во класата МХ2 и Даниел Јаневски во класата МХ го освоија второто место, а Милан Стојанов третото место во класата МХ.
- Упорните тренинзи и љубовта кон спортот повторно не доведоа до подиум, изјавија наградените.