
Етнолошката поставка на Домот на културата збогатена со разбој
Етнолошката
поставка на Дом на култура „Македонија“ е збогатена со разбој, благодарение на семејството Петкови, кои го подарија на Домот на културата. Во составувањето помогнаа членови на Здружението на пензионери од Гевгелија.
Домот на културата „Македонија“- Гевгелија го возобнови старото депо на предмети од традиционалната култура со 4 носиии комплетни женски носии од етничките предели Скопска Црна Гора, Скопска Блатика, Мијаци Азот и Мегленски Власи од Бојмија, во соработка со стручни лица од областа на народните носии, како дел од проектите поддржани од Министерството за култур. Депото е збогатено и со предмети од традиционалната култура, меѓу кои и добро познатиот традиционален ударен инструмент тапан.
Етнолошката поставка на традиционалните предмети на Домот на културата „Македонија“, граѓаните можат да ја разгледaат секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот во изложбениот простор на Домот кој се наоѓа на вториот кат на Народниот театар.