
Градската библиотека го одбележа Патрониот празник со поетско-ликовна колонија
Патрониот
празник на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија поради пандемијата од КОВИД-19 и запазување на протоколите за организирање културни настани, оваа година, беше одбележан со изложба на ликовни дела од гевгелискиот сликар, Миле Ничевски и проекција на поезија од роднокрајни автори.
На проекцијата, со сопствена поезија се претставија 13 роднокрајни автори: Стефан Марковски, Жаклина Атанасова, Кирил Кангов, Стефчо Стефанов, Катерина Гогова, Димитар Арнаудов, Лилјана Пецова, Олгица Ќурчиева, Ценка Попова Милковска, Пепи Стамков, Моника Игевска Ризова, Љубица Томова и Петар Јанчев. Покрај авторската поезија, гевгелиските поети и поетеси читаат и поезија од странски автори. На настанот, директорот на Библиотеката, Дамјан Ѓуров, ја врачи наградата на Вања Манчева, која беше прогласена за најактивен читател на книги во 2020 година.
ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ ги поканува жителите на општина Гевгелија да ја посетат поставката на изложбата, секој работен ден од 7 до 15, заклучно до 17 февруари, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19. Проекцијата од читањето поезија е поставена на официјалниот YouTube-канал и е споделена на Фејсбук-профилот на Библиотеката.