
КК „Кожув“ со две победи на Македонскиот кошаркарски шампионат
Екипата
на КК „Кожув“ славеше против Вардар (86-82) и ја запиша втората победа во Македонскиот кошаркарски шампионат. Гевгеличани по претходниот триумф кај „Црн Дрим“, дојдоа до полн плен и со вардарци, по продлжение.
Гевгеличани тргнаа подобро и први поведоа со 8-0. Сепак, скопскиот тим се врати и стигна до егал, а до крајот на четвртината Кожуф пак поведе, овојпат двоцифрено. До полувремето, натпреварот продолжи со исто темпо, па домаќинот на пауза замина со предност од 43-36.
Во продолжението, Вардар целосно се врати и успеа да поведе со што вети интересна завршница на натпреварот. Последниот период се играше изедначена кошарка, двата тима се менуваа во предноста и мечот влезе во трилер завршница. На крајот од регуларниот дел немаше победник (73-73), а во додатните пет минути „Кожув“ си ја заврши работата благодарение на искуството на Силаџи, Симоновски и Караџовски. Силаџи на овој натпревар реализираше 22 поени, но прво име беше искусниот Караџовски со „трипл-дабл“ учинок од 15 поени, 11 асистенции и 10 скока. Марко Симоновски за „Кожув“ уфрли 16 поени.