
Спортската сала при ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци ќе добие нов кров
Спортската
сала при ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци ќе добие нов кров. И тоа, со средства од Владата на РСМ преку проектот на Министерството за образование и наука „Реконструкција на објекти на средни и основни училишта“, за кои Училиштето аплицираше на Јавниот повик.
- Според предметот на проектот, планирани се: подготвителни, изолаторски, покривачки, лимарски, ѕидарски и други работи. Изведувачот треба да ја отстрани лимената и азбесна кровна покривка и да изврши нејзина замена со кровен покривач-панел, а создадениот отпад да го депонира во депонијата на начин определен со актуелната законска регулатива.
Сето ова ќе допринесе за зголемување на безбедноста на учениците и вработените во Училиштето. Истовремено, ќе се заштедат средства за повремена континуирана поправка на оштетените делови, од што може да се заклучи дека проектот претставува еден вид ефикасен инструмент за постигнување на значителни заштеди (финансиски и енергетски). Поголемиот дел од кровот на Училиштето, делот над училниците и административните простории беше претходно реконструиран во месец октомври, 2020 год, со средства од сопствениот Буџет, истакна директорката Жаклина Линкова.