
Успешно претставување на АК „7 Ноември“ на Ноќниот полумаратон во Солун
22 члена на АК „7 Ноември“- Гевгелија учествуваа на
9 Меѓународен ноќен полумаратон во Солун Зени Θ. Имено, Драган Ристов, Данче Крајчева, Цеца Србова, Тоше Анчев, Станислав Стојменов, Магдалена Јованова, Никола Ковачев, Русимка Динев, Ѓорге Лазаров, Валентина Узунова, Мијалче Андоновски, Ангел Делиќ, Игор Коцевски, Томе Каркалашев, Блаже Петковски, Александар Петковски, Тоше, Александра и Борјана Петкови, Петар Лешев, Марјан Ризов, Насе Епов и Методија Ичев трчаа на Солунскиот ноќен полумаратон со уште 10.000 атлетичари од 53 земји, натпреварувајќи се во категории на 21 км., 10 км. и 5 км.
Во категоријата на 10 км., Цеца Србова и Тодор Анчев го освоија 7 место.
Тркачката програма на 9. Меѓународен ноќен полумаратон во Солун - Зени Θ вклучуваше полумаратон (почеток 18:30 часот, почетна точка: авенија Никис, на висина на плоштадот Елефтерија), како и трките на 10.000 м. (почеток 17:30 часот, почетна точка: Авенија Никис, на висина на Белата кула) и 5.000м. (почеток: 20:15 часот, почетно место: Градско собрание на Солун).