
Женските од АК „7 Ноември“ високо позиционирани на 13 Армиско првенство
На 13-то
Армиско првенство во крос кантри трчање кое се одржа во спортскиот центар „Хиподром“ во Скопје, учествуваа четворица членови од АК „7 Ноември“- Гевгелија. Имено, Валентина Узунова и Кристина Узунова се позиционираа високо на местата помеѓу натпреварувачите во женска конкуренција. И тоа, Кристина на 4 место, со истрчано време од 23 минути и 8 секунди, додека Валентина за 3 секунди помалку од Кристина, на 5 место. Во машката конкуренција, Ристо Чалков го освои 26 место, а Мијалчо Андоновски се позиционираше на 55 место.
Патеката, односно кругот за трчање кој е одбран за 13-то Армиско првенство во крос, е со должина од 1600м. Трката беше реализирана со трчање во кругови, а должината за жените изнесуваше 4.800 м. (3 круга), додека за мажите беше 8000 м. (5 круга). Како и секоја година, така и оваа, сите заинтересирани лојални граѓани, спортисти и рекреативци кои не се припадници на Армијата можеа да учествуваат на ова воено првенство и да бидат дел од овој спортски настан.