
Гевгеличанецот Андреј Милковски, државен првак во Ендуро Шампионатот
На третата и
последна трка во ендуро натпреварувањата за 2021 година, која беше одржана на патеката „Забел“ во Старо Нагоричане, гевгелискиот мотоциклист, Андреј Милковски, стана државен првак во Ендуро Шампионатот. Имено, Милковски ја зазема првата позиција во категоријата Е2, натпреварувајќи се својот мотор Хонда ЦРФ 450.
Неговата победа на овој шампионат и не е неочекувана бидејќи на мотоциклистот му се добро познати теренот и патеката „Забел“ во Старо Нагоричание, на која досега има возено неколку пати, учествувајќи на неколку мото-крос трки.