
Двете планинарски друштва од Гевгелија го одбележаа Светскиот ден на планината
По повод Светскиот ден на планината, 11 члена на ЗПСК „Кожуф“- Гевгелија го одбележаа својот празник со ноќно искачување, до планираната цел - највисокиот врв на Кожуф Планина, Зелен брег, 2166 м, но поради лошите временски услови, силните снежни врнежи беа спречени да го искачат врвот, прекинувајќи ја акцијата на местото Таблата, приморани да се вратат назад. Додека, ПСК „Двете Уши“- Гевгелија празникот го одбележа со учеството на нивен член на Изршниот одбор, Ники Петков, во акцијата- од Попова Шапка до Јелак, испраќајќи честитки од Шар Планина по повод Меѓународниот ден на планината, во име на сите членови на клубот.
Темата по повод Светскиот ден на планината за оваа година е одржлив туризам. 15 до 20% од светскиот глобален туризам доаѓа од планинскиот сектор, а одржливиот начин на работа може да отвори дополнителни и алтернативни опции за живеачка, намалување на сиромаштијата, социјална инклузија и заштита на биодиверзитетот во едно. Тоа е начин со кој можеме да ја заштитиме природата и културните вредности, да ги промовираме локалните занаети и вредни продукти и да ги прославиме традиционалните практики и локални фестивали.
Кризата која глобално нe зафати овие години може да биде опција да го реобмислиме планинскиот туризам и неговиот импакт врз природните ресурси, да го изменаџираме на подобар начин и да го насочиме кон поиздржлива, зелена и инклузивна иднина.