
Прво место за Валентина Узунова на „Чупино вертикал треил“
6 члена на
Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија земаа учество на „Чупино вертикал треил“, трка на планината Плачковица. Валентина Узунова, Методија Ичев, Мијалчко Андоновски, Благојче Темелковски, Мики Петровски и Димче Андреев беа дел од 150 учесници, постигнувајќи солидни резутати. Во категоријата Ветерани, Валентина Узунова го освои првото место, со истрчано време од 1 час и 29 минути.
Tрката беше со должина од 5500 м. и висинска разлика од 1030 м. Стартот беше од центарот на с. Блатец во 10:00 часот, а финишот на врвот Чупино, Плачковица, без временско ограничување.
„Чупино вертикал“ е трка во дисциплината вертикален километар, во која натпреварувачите искачуваат околу 1 км. висинска разлика во должина од максимум 5 км. со дозволена отстапка од 5-10%.
Настанот има голема подршка од Општина Виница и голем број на компании кои учествуваат со спонзорство и доброволно помагање во одржувањето на настанот. Ова е спортско случување кое ја обележува Виница на спортската мапа на Балканот.