
Богата новогодишна културна програма
Во пресрет на Новогодишните празници, во Гевгелија тек е богатата новогодишна културна програма наменета за сите возрасти на граѓани.
Во Народниот театар се одржуваат театарски претстави, концерти, настапи на драмски студија и предновогодишни приредби.Така, утревечер во Народниот театар ќе се одржи Вечер на француската мусиза со настап на учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ и ООУ„Ристо Шуклев“. Балетската група при ООМУ„Васо Карајанов“ во сабота, на 22 декември ќе го одржи својот предновогодишен концерт претставувајќи се со она што го научиле ушенициоте во балетскиот оддел на ова училиште.
Традиционалната новогодишна приредба СОУ„Јосифовски“ ја закажа за 24 декември, во понеделник, додека пак на 27 декември, драмската група на овој центар ќе одржи новогодишна приредба. На 25 декември ООМУ „Васо Карајанов“ ќе одржи Новогодишен концерт. Со овој концерт ова музичко училиште ќе го заокружи одбележувањето на 40 годишниот јубилеј. За 26 декември е закажан и новогодишниот концерт на ансамблот Бојмија од Гевгелија.
Предновогодишните случувања во Гевгелија ќе бидат крунисани со пристигањето на Дедо Мраз, кој годинава од железничката станица во центарот на Гевгелија ќе пристигне во недела. По тој повод Пионерскиот дом организира богата програма