
Три места за гевгелиските атлетичари на Трките во Кукуш
Тројца атлетичари од
гевгелискиот Атлетски клуб „7 Ноември“ го заземаа своето место на подиумот на најдобрите после постигнатите резултати на Трките во Кукуш. На натпреварите во двете трки: „Патот на хероите на Кукуш, 10,5 к,м“ и „Здравствен пат 4,8 км“, Тодор Анчев и Атанас Епов го освоија Првото место. Додека, Ристо Чалков го освои Второто место на трката со патека во должина од 4,8 километри. Солидни резултати во двете трки постигнаа и Стојан Делев и Никола Ковачев, кои го заземаа Четвртото место.
Двете трки и Детската трка се во организација на Здружението на здравствени тркачи од Кукуш, кои имаат една единствена цел- заедничко дејствување во зајакнување на односите меѓу атлетичарите, пријателите на спортот, зајакнување на чувството за солидарност и општествена одговорност, како и поттикнување на интересот за трчање и вежби кои го одржуваат физичкото и менталното здравје, а придонесуваат за подобрување на благосостојбата и квалитетот на животот.