
Младите гитаристи на добар пат да станат професионални музичари
Синхронизирани звуци од гитарите и бас-гитарите на кои свиреа
учениците од Школата за гитара, под менторство на Костадин Динев, вчера ги допреа срцата многубројната публика. По петмесечното учење и вежбање на групните неделни часови во Народниот театар- Гевгелија, младите гевгеличани на својот прв концерт, со изведба на домашна и странска музика и пратење на нивниот наставник, ги претставија својот труд, напорно вежбање и стекнати вештини за свирење гитара и бас-гитара.
Неоспорен е фактот дека младите гевгелиски гитаристи се на добар пат да станат професионални музичари доколку продолжат со ваква љубов да ги допираат жиците на инструментот и да бидат наследници на наставникот Костадин Динев, басист на култната гевгелиска група „Зијан“.
Каква културна летна ноќ за уживање и паметење им приредија гитаристите на гевгеличани, кои си заминаа исполнети и горди на своите деца, внуци, роднини, пријатели.