Повторно високи места за АК „7 Ноември“ на атлетските трки во соседна Грција
АК „7 Ноември“ ги нижи наградите
на атлетските трки во соседна Грција. На третата по ред „Ноќна трка на патот Гуменица“ од шесте учесници на АК „7 Ноември“- Гевгелија кои се натпреваруваа на трките на 5 и 10 километри, Тоше Анчев на трката на 5 километри го освои првото место, додека на трката на 10 километри Ристо Чалков го освои второто место. Солидни резултати остварија и Дарко Прошевски, Ангел Делиќ, Живко Петков, како и Драган Ристов, позиционирајќи се на високите места во конкуренција на 200 тркачи, претежно од Македонија и Грција.
И оваа недела што помина, АК „7 Ноември“ не запре со учествата на трките во татковината. Имено, на трката „Трчај бе“ во Битола - Национално првенство во полумаратон, учество зедоа: Стојан Делев, Никола Нанчев, Живко Петков, Мијалчо Андоновски, Гордана Анастасова, Благојче Темелковски и Кристијан Прошевски. На трката на 5 километри, првото место го освои Атанас Епов, додека на трката на 10 километри, тимот од Гевгелија во состав на Ристо Чалков, Мики Петровски, Никола Ковачев, Дарко Прошевски и Игор Коцевски го освоија второто место.