Успешен вториот концерт на Школата за гитара
Вчера, во Народниот театар- Гевгелија, Школата за гитара
го одржа својот втор концерт. Триесеттината млади ученици, идни потенцијални гитаристи, пред гевгелиската публика се претставија со инструменталки од домашни и странски нумери, кои ги подготвија по петмесечното вежбање под менторство на нивниот наставник, Костадин Динев.
По првиот концерт во рамките на „Гевгелиско културно лето“ минатата година, Школатa за гитара која работи при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, уште еднаш успешно ги презентираше својата работа и талентот на младите од Гевгелија. Впрочем, тоа беше и целта за нејзиното формирање по иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, младите гевгеличани да имаат повеќе слободни активности од различните области на уметноста.