„Мистерија Буфо“- претстава за изгубените морални вредности на човекот
Прилепскиот
театарски ансамбл од „Војдан Чернодрински“ со изведбата на претставата „Мистерија Буфо“ во Гевгелија предизвика воодушевување кај публиката. Двочасовната инзворедна актерска игра на: Наташа Ачански, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска- Илијески, Александар Тодески и Димитар Црцороски го држеше будно вниманието на присутните со комичниот приказ на мотиви од Евангелијата во Библијата. Всушност, осумте актери на сцената ги проповедаа вистинските морални вредности кои треба да ги поседува секој човек, што, за жал, уште многу одамна се изгубени поради општествените неприлики.
Општина Гевгелија ја имаше честа, по премиерата во Прилеп, да биде прва од градовите каде гостуваше Народниот театар „Војдан Чернодрински“ со „Мистерија Буфо“.