
Песни од Стефан Марковски објавени во Мексико, Перу и Шпанија
Песни од македонскиот поет Стефан Марковски се објавени на неколку светски јазици,
а неодамна беа објавени и во Мексико, Перу и Шпанија. Во Мексико песните беа објавени на платформата Primera Pagina Revista, во препев на шпански јазик од венецуелската авторка и преведувачка Мариела Кордеро, со илустрации на Аиме Сервантес Флорес. Во Перу беше е објавена електронска верзија на песните на Стефан Марковски, со наслов La frialdad de la tarde (прев. Вечерното студенило). Стиховите се објавени на еден од позначајните сајтови за поезија во Јужна Америка vallejoandcompany.com. Во Шпанија песни од Марковски беа објавени на порталот latortugabulgara.com во препев на шпанскиот поет и преведувач Марко Видал Гонзалез кој живее во Софија, Бугарија.