Гран при за Драмската група „Дон Кихот“ во Банско, Бугарија
Во Банско,
Бугарија, од 8 до 12 април се одржа Интернационалниот фестивал „Утринска ѕвезда“ 2023. На фестивалот учествуваа учесници од повеќе земји: Грција, Украина, Македонија, Бугарија, Турција, Шпанија, Франција, презентираќи го пред стручното жири, својот уметнички талент во осум различни области, музика, театар, сликарство, танц и фотографија. На овој престижен и веќе докажан фестивал, Драмската група од Гевгелија „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија ги освојува највисоките награди. Со претставата „Шекспир нема да се лути“ од Стефчо Стефанов, групата го освои првото место во категоријата најдобра театарска претстава, најдобра сценска изведба и Гран при на фестивалот, добивајќи ја можоста да учествуваат на 37-от Интернационален фестивал во Златните Песоци во месец јули 2023 година.
За Драмската група „Дон Кихот“ учествуваа: Зоран Кундурџиев, Мила Варела, Слободанка Николова, Весна Делева, Петја Спасовска, Катерина Попова, Давид Кокочев, Петар Паласкаров, Бојан Јанев, Филип Тодов, Маргарита Делиџакова, Илија Маркудов. Техничката реализација беше на професорот Тони Аврамов, а режијата на професорката Даниела Џишева.
Оваа година, Фестивалот во Банско, за разлика од другите години, обезбеди можност за талентираните деца целосно да ги изразат своите таленти поврзани со уметноста, да ги разменуваат своите уметнички искуства, а воедно да ги популаризираат своите национални културни вредности преку реализација на работилници или таканаречени кампови.