Годишен концерт на Танцовото студио „Мистик“- Гевгелија
На 16 и 17 јуни,
Танцовото студио „Мистик“ го одржа Годишниот концерт за одбележување на крајот на сезоната 2022/2023 година. Годишниот концерт на „Мистик“ беше прославување на постигнатите резултати и многубројните освоени награди на Меѓународните натпревари за модерен танц во: Белград, Србија; Загреб, Хрватска; Солун, Грција и Скопје, Македонија. А, секако, на задоволство на гевгеличани, со претставување на кореографиите кои ја одбележаа натпреварувачката сезона.
Активностите на „Мистик“, годинава, беа поддржани од Општина Гевгелија преку Програмата за финансиска поддршка на спортските активности.