Импресивен Летниот концерт на Градскиот мешан хор „Гортинија“ и Градскиот детски хор „Божилак“
Градскиот мешан хор
„Гортинија“, под диригентската палка на проф. м-р Илија Атанасов, со Летен концерт им го честише 21 Јуни, Светскиот ден на музиката на своите љубители кои ја наполнија салата во Народниот театар- Гевгелија. Не само со претставувањето на Гортинците, ами и со првиот настап на Градски детски хор „Божилак“- Гевгелија. Кои со својот репертоар им понудија хорски изведби на класични композиции и хорски преработки на македонски народни песни.
Всушност, на публиката им беа претставени композициите со кои Градскиот мешан хор „Гортинија“ учестуваше на Државните и Меѓународните фестивали во Грција, Австрија и Србија, како и промовирана 5-месечната работа на новоформираниот Градски детски хор „Божилак“, во којшто членуваат ученици од четврто и петто одделение. Најимпресивна беше изведбата на композицијата „Што ми е мило“ со спојот на вокалите на Гортинците и Божилаците.