Фудбалско лето во општина Гевгелија
Летната сезона
во општина Гевгелија ја одбележаа неколку спортски турнири во мал фудбал. Завршувајќи еден, почнувајќи друг, финалињата ги доживејаа и „КМФ Млади“ во Миравци и Меморијалниот турнир „Мирче Костов“ во Богородица.
Годинашни победници на Турнирот во мал фудбал „КМФ Млади“ во Миравци се минатогодишните, екипата на „Баламов Компани“ во сениорска конкуренција. Второто место им припадна на „Црна Река Возарци“, третото на „Алупласт Васил Јосифово“, а четвртопласирани беа „Стамков Трејд Гевгелија“. За најдобар голман на Турнирот е прогласен Валентино Милков од победничката екипа на „Баламов Компани“, титулата најдобар голгетер му припадна на Слободан Дуков од „Стамков Трејд“, а најдобар играч е Ѓорги Стрезовски од „Црна Река“. На миравчкиот Турнир во мал фудбал, којшто се одржа во периодот од 24 јули до 16 август, учествуваа над 30 екипи во јуниорска и сениорска конкуренција. Не изостана и традиционалната крводарителска акција во соработка со ОО Црвен крст- Гевгелија, на којашто наградата велосипед ја доби Виктор Вегов, како најсреќен крводарител. Долгогодишен организатор на Турнирот во мал фудбал е ЗГ „КМФ Млади Миравци“- Миравци.
На двете игралишта во спортскиот комплекс „Мирата“ во Богородица, во периодот од 18 до 20 август, беа одиграни натпреварите помеѓу пријавените 22 екипи во генерациски категории: 2011, 2012, 2013 и 2014 година за годинашниот Меморијален турнир во мал фудбал „Мирче Костов“ во Богородица, во организација на ЗГ „Ангелов“- Богородица. Победник во категоријата Генерација 2014 е „Џокер Фурка“, второпласирана „Победа Валандово“, а „Вардарски Богданци“ третопласирана. Најдобар голман е Тео Стамов, стрелец Матеј Атанасов, а за играч Христијан Ѓорѓевиќ. Од екипите Генерација 2013, трето место го освои екипата на „Победа Валандово“, второ место екипата на „У-10“, а прво место го освои екипата на „Фудбал Старс – Кочани“ За најдобар голман е избран Дамјан Стоилков, за најдобар стрелец е избран Илија Цуклев, а за најдобар играч- Саше Бојков.
Првопласирана од екипите во категорија Генерација 2012 е „Месарница Купанов“, второ „Џокер Фурка“, а третопласирана „Победа Валандово“. За најдобар голман е избран Златко Наков, за најдобар стрелец е избран Душан Петров, а за најдобар играч е избран Филип Лазаров. Од фудбалските екипи коишто се натрпеваруваа во категоријата Генерација 2011, трето место го освои екипата на „Победа Валандово“, второ место екипата на „Месарница Купанов“, а првото место го освои екипата на „Борец Велес“. За најдобар голман е избран Никола Карагонов, за најдобар стрелец- Мартин Гогов и Михаил Бодев, а најдобар играч- Марко Грбиќ.
Двата Турнира се опфатени во Програмата на Општина Гевгелија за финансиска поддршка на спортските активности во општина Гевгелија за 2023 година.