„Бош Фестивал“ го прослави своето 15. јубилејно издание
15. издание
на „Бош Фестивал“ во Гевгелија, којшто се организира во сеќавање на уметникот Бошко Бозаџиев од Гевгелија, и годинава донесе интересни мултимедијални содржини. Сликарски перформанси, музика, поезија, документарни филмови и видеоинсталации, изложби, изложби на стрип-табли и монотипии и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања беа дел од активностите од дводневната програма за годинашниот „Бош Фестивал“,.одржани во Народниот театар- Гевгелија и на стариот Градски пазар во Гевгелија. Јубилејното 15. издание беше посебно одбележано со скулптура, извајана од гевгелискиот уметник, Александар Јанев, а поставена во Народниот театар- во Гевгелија. Изработена од дрво и метал, со симболи коишто го означуваат ликот и делото на Бозаџиевски, но и самиот Фестивал.
Покрај учеството и настапите на еминентни уметници како од државата, така и од Србија и Франција, впечатливи настапи и промоција на дела од областа на книжевноста и ликовната уметност имаа и: Стефчо Стефанов, Стефан Алијевиќ, Анамарија Митриќеска- Kaл’чева, Марија Ќорнакова и Ице Капсаров од Гевгелија.
15. Фестивал „Бош“ е поддржан преку Програмата на Општина Гевгелија за финансиска поддршка на културните активности за 2023 година.