Сказната за рибарот и рипката во форма на камишибаи- претстава
Членовите на
Драмската секција за деца преку камишибаи- претстава ја изведоа Сказната за рибарот и рипката од Александар Пушкин. Низ цртежи што се движат, зборуваат и раскажуваат приказна, малите актери, под менторство на Катица Џишева Дупарова, се претставија мошне добро пред нивната генерација, но и пред повозрасните. Јапонскиот уличен театар, кој како форма на театарската уметност по вторпат го изведува Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, се прикажа во Пионерскиот дом- Гевгелија, на 22 декември.
Илустрациите од Сказната за рибарот и рипката, коишто со помош на рачињата на малите актери, се движеа од слика во слика во кутијата согласно раскажувањето на приказната, ги нацрта Антонија Крстова, член на Ликовната секција при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, под менторство на м-р Александар Јанев.