Вечер на слем поезија за гевгеличани
На
22 декември 2023 година, во хотел „Аполонија“- Гевгелија, се одржа Вечер на слем поезија, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија. Во поетските настапи, поделени на кругови, свое учество зедоа слем-поети од: Прилеп, Битола, Кавадарци, Скопје и Гевгелија. Игор Трпчески, Тихомир Јанчовски, Миланчо Пендев, Виктор Спасески, Валерија Танчевска, Елена Пренџова и Лазар Аризанов беа 7. поети кои
прочитаа луцидни, ритмични, динамични и, следејќи ги постулатите на глобалното слем движење, во дослух со одредени социјално ангажирани теми. Музичкиот аранжман на клавијатура во текот на целиот настан беше на Методија Костоски. Исто така, беа претставени и три изданија за македонската поетска слем сцена- „Антологија на македонската слем поезија“, „13 години Поетски слем Македонија (2023)“ и „12 години Поетски слем Македонија (2022)“.