
Муралот „Бакнежи“ ја краси зградата во центарот на градот
На фасадата на станбената зграда на шеталиштето,
во центарот на Гевгелија, се појави муралот „Бакнеж“ - композиција која беше селектирана од комисијата при Министерството за култура на Република Северна Македонија во склоп на манифестацијата „Топол културен бран“. Автори на муралот се гевгелискиот уметник Миле Ничевски и Милош Стојановиќ од „Партизанска штампа“ од Скопје .Со овој мурал сакаме да потсетиме на важноста на т.н. ‘жива’ уметност надвор од галериските простори, направена за да облагородува, критикува и потсетува на улогата на уметноста во општеството, вела авторите.
Со муралот значително се разубавуват фасадните површини во центарот на градот. Фондацијата „Аполонија“ веќе најавува уште еден проект со кој долж шеталиштето, од железничката станица до центарот на градот, на повеќе згради ќе бидат изработени мурали.