
Промовирано шестото издание на „Метрички карван Гевгелија - Штип“
Во Гевгелија се одржа промоција на заедничка збирка
поезија на автори насловена како „Метрички карван Гевгелија-Штип“ во издание на ЈОУ Блиблиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија. Во оваа збирка поезија учествуваат 10 поети од Гевгелија и 11 од Штип. Од Гевгелија во оваа најново издание на „Метричкиот карван“ учествуваат Васил Тоциновски, кој е по потекло од овој регион, Жаклина Атанасова, Јосип Коцев, Димитар Арнаудов, Петар Јанчев, Моника Игевска Ризова, Лилјана Пецова- Илиеска, Катерина Гогова, Олгица Ќурчиева и Стефчо Стефанов.
Штипската група на поети ја претставуваат Mихаил Ренџов, Стојан Тарапуза, Благој Самоников, Димо Н. Динчев, Марија Воденска, Мери Николова, Ристо Лазаров, Трајче Кацаров, Славица Динушева, Марија Емилија Кукубајска и Павлина Атанасова. Збирката го бележи своето шесто издание и прерасна во традиционална збирка на поетите од Гевгелија во соработка со поети од други градови на Република Северна Македонија.