
„Mедена земја“ беше проектиран по втор пат во Гевгелија
По првото прикажување во Гевгелија, „Медена земја“, најнаградуваниот македонски документарец
и номиниран кандидат за најпрестижната награда „Оскар“ во две категории, се прикажа по втор пат на гевгелиската публика. Домот на култура- Гевгелија го најави и третото проектирање на филмот.
„Медена земја“, на почетокот на годинава труумфираше со три награди на престижниот Филмски фестивал „Санденс“ и досега има освоено 20 меѓународни награди.
Во овој документарец се прикажува животот на Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси. Режијата е на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, продукцијата на „Аполо медија“ на Стефанов и „Трајс филмс“ на Атанас Георгиев. Музиката во филмот е на „Фолтин“.