
Тридневното чествување по повод Спасовден заврши со музичкиот концерт на „Леге артист“
Тридневната
културнa програма организирана од ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија по повод Спасовден, вчера беше затворена со музичкиот концерт на гевгелиската група „Леге артис“.
„Леге артист“ ја почести гевгелиската публика со изведба и обработки на евергрин, џез, рок, поп, забавни, етно-варијанти и македонски народни песни и композиции. Концертот се пренесуваше во живо на официјалниот Јутјуб-канал и официјалната Фејсбук-страница на ЈОУ Дом на култура и официјалната Фејсбук-страница на Општина Гевгелија.
Оваа година, културната манифестација „Спасовден 2020“ се организираше во просториите на Народниот театар поради актуелната ситуација со Корона вирусот. Сите тридневни активности, концертот на дуетот „Ангови“, ликовната колонија, и музичките концерти на „Панта Реи“ и „Леге артист“ беа спроведени според наложените мерки за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот на Владата на РСМ и Општинскиот штаб за заштита и спасување.
Делата на 18 гевгелиски уметници кои беа дел од ликовната колонија, гевгелиската публика ќе има можност да ги разгледа кога ќе стивне ситуацијата со Корона вирусот. Сликите остануваат во сопственост на Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и ќе бидат изложени во постојана изложбена поставка во Народниот театар во Гевгелија.