
„Човекот како битие“- ликовна изложба, сублимат од перцепцирањето на светот на Теодора Ставрова
Вчера,
се одржа самостојната онлајн-ликовна изложба на Тедора Ставрова, 12 годишно девојче кое е дел од ликовната работилница при Пионерскиот дом- Гевгелија од формирањето на истата, под менторство на ликовниот ментор, Мирјана Крстева Массетти. Станува збор за дваесеттина дела со портрети изработени во повеќе техники кои беа прикажани на видео-слајд, на официјалниот Youtube-канал на Пионерскиот дом- Гевгелија.
Несомнено, нејзините дела покажуваат дека се работи за девојче кое поседува огромен потенцијал и љубов кон визуелните уметности, со надеж дека во иднина нејзиното име блескаво ќе сјае на македонската ликовна сцена.
Мирјана Крстева Массетти за нејзината талентирана ученичка истакна:
- Ставрова поседува исклучителен талент и амбиција. Нејзината љубов кон визуелните уметности за првпат ја доживуваме со самостојно претставување. Самостојната online-изложба насловена „Човекот како битие" раскажува за нејзините размисли, сонувања и перцепции за светот. Нејзините цртежи имаат модерен призвук, конзистентно следејќи ги личните пориви. Нагласената индивидуалност, амбицијата, талентот, чувството за естетика несомнено наговестуваат личност на ликовната сцена во иднина.“