
Одржан празничниот настан- концерт и изложба по повод Раѓање на пресвета Богородица
Вчера,
во пресрет на денешниот празник Раѓањето на пресвета Богородица, пред платото на Црквата посветена на Мајката Божја во Богородица, се одржа концерт на традиционална музика во изведба на АТМИ „Митко Алексов“ од Кочани и Тијана Јаневска-вокал и изложба на фотографии на икони и фрески од Бигорскиот манастир, во организација на Домот на култура „Македонија“- Гевгелија.
Отворањето на изложбата започна во 18:30 часот, а концертот на традиционална музика во 20:00 часот. Раководителот на АТМИ „Митко Алексов“, Ристо Ѓорѓијев, искажа голема благодарност на Домот на културата за поканата и што имаа можност да бидат дел од празничната културна програма.
во прекрасен празничен амбиент по повод Раѓањето на Пресвета Богородица, тука сме да го прославиме Патронот на Богородица со вечерен концерт на чалгиска и традицинална музика на ансамблот „Митко Алексов“ од Кочани.
- Горди сме што честа е наша да го организираме овој настан, надополнет со изложба на икони и фрески по повод 1000 години од постоењето на Бигорскиот манастир. Изразуваме голема благодарност на раковидителот на ансамблот Ристе Ѓорѓијев, членовите на ансамблот „Митко Алексов“ и придружниот вокал Тијана Јаневска што ја прифатија нашата покана да учествуваат во нашата вечерашна програма. Исто така, чест ни е што ние, како културна установа, сме едни од ретките кои имавме можност да организираме изложба на ретки и скапоцени фотографии од живописните фрески и икони од Бигорскиот манастир, истакна директорот на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Весна Ристова.
Настанот се реализираше според протоколите за организирање настани, со почитување на мерките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот.
Со овој настан, Домот на културата го одбележа Патронот на Црквата и панаѓурот на населеното место Богородица.