
Флора Апостолова и Благоја Ангелов со Карате-оскари
На
„45 Лорд куп“ карате-турнир кој се одржа на 6 септември, 2020 година во Скопје, најмалите: Флора Апостолова и Благоја Ангелов, членови на гевгелискиот Карате-клуб, под менторство на тренерот Живко Аврамов, ја понесоа титулата победници во поединечни категории и си заминаа со освоени Карате-оскари.
На натпреварот учествуваа 58 натпреварувачи од седум карате-клубови од: Скопје, Куманово, Гевгелија и Тетово.
Како што истакна организаторот Димче Јанковски, главен тренер на Карате-клуб „Аеродром“- Скопје, овој турнир требаше да се одржи во мај, но заради Корона вирусот беше одложен. Турнирот се реализираше со почитување на протоколите и мерките за заштита од Корона вирусот.