
Победнички медал за АК „7 Ноември“ во кампањата за борба против ракот на дојката
Во
тридневната кампања за борба пртив рак на дојката „Race for the cure” учество зедоа и атлетичарите од АК „7 Ноември“- Гевгелија, како и гевгеличани, богданчани и стојачани. Кампањата ја организираше Здружението „Борка- за секој нов ден“ во соработка со најголемата европска алијанска на пациентски здруженија „Think Pink Europe".
Членовите на гевгелискиот атлетичарски клуб се закитија со победнички медал коj и го посветија на прерано починатиот член Ѓургица Ќаева, која ја загуби битката во борбата со подмолната болест.
„Race for the Cure“ е е најголемиот настан во Европа посветен на здравјето на жените. Им помага на организациите и болниците за рак на дојка да обезбедат средства и да ја подигнат свеста за оваа болест. Со 500.000 нови дијагностицирања и 130.000 луѓе кои умираат од рак на дојка секоја година во Европа, овие средства се од клучно значење. Оваа година, овој настан се одржа во: Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Ресен, Кавадарци, Велес, Струмица, Гевгелија, Валандово, Тетово, Гостивар, Дебар, Кочани и Виница.
„Race for the Cure“ ги соединува преживеаните, семејствата и пријателите на 3 км прошетка или 5 км трка. Преживеаните ја слават својата победа над карциномот на дојка, а учесниците ги поддржуваат своите најблиски погодени од болеста и се сеќаваат на најблиските кои починале.