
Одржан концерт на проф. Љубиша Кировски
ООМУ
„Васо Карајанов“- Гевгелија продолжува со својата програма и организирање музички концерти. На 28 септември, 2020 година, во Балетската сала на Училиштето, се одржа концертот на проф. Љубиша Кировски, виолина и виола. Кировски, со својата виола изведе компоцизии од: Бибер, Христосков, Кировски, а со виолината композиции од Игудесман.
Директорот на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, Сузана Стефанова, задоволна што Училиштето продолжи со своите активности онаму каде што застана пред појавата на КОВИД- пандемијата, истакна:
- Иако Кировски беше на сцената сам, со својата виолина, без клавирска придружба, со неговата извонредната негова техника, на моменти направи публиката да добие чувство дека свири цел оркестар.