
Познати имињата на победниците во машка и женска категорија на „Виртуелната трка“
Oд пријавените
118, 112 учесника успешно ја завршија „Виртуелната трка“ натпреварувајќи се во две категории: трка на 5 и 10 км. По проверка на остварените резултати, објавени се имињата на победниците во машка и женска конкуренција.
Во женската категорија- трка на 10 километри со стартен број и вкупно поминато време (Elapsed time): првото место и припадна на Христина Алаѓозовска (22), 52:03, второто место на Валентина Узунова (2), 53:00, а третото место на Русимка Динева (35), 56:24.
Во женската категорија- трка на 5 километри со стартен број и вкупно поминато време (Elapsed time): првото место го зеде Теодора Мурџева, 28:42, второто место Мери Николова 29:42, а третото место Александра Крајчева, 29:52.
Во машката категорија трка- на 10 км со стартен број и вкупно поминато време (Еlapsed time): првото место го освои Тодор Анчев, 38:40, второто Александар Митревски, 40:21, а третото место Стојан Делев, 40:21.
Вo машката категорија- трка на 5 км со стартен број и вкупно поминато време (Elapsed time): првото место му припадна на Атанас Епов, 17:24, второто на Влатко Семенаков, 20:10 и третото место на Никола Ковачев, 21:14.
За успешното учество во трката АК „7 Ноември“, на сите учесници им додели финишер-медали, а „Garmin Macedonia“ на сите учесници ќе им додели ваучер од 600 денари. За најдобрите од двете трки во машка и женска категорија следуваат ваучери од 2500 денари за првопласираните, 1500 за второпласираните и 1000 денари за третопласираните.