
Успешно претставување на АК „7 Ноември“ на трките „Скопје трча“ и „Титов Врв SKYRACE“
Tри члена
на АК „7 Ноември“- Гевгелија учествуваа на трката „Skopje Run 2021”, постигнувајќи успешни резултати. Ристо Чалков, Никола Ковачев и Игор Коцевски, натпреварувајќи се со над 1000 тркачи, усшешно ја истрчаа десеткилометарската патека за време од под 50 минути, од кои најбрз е Чалков со време од 41:46. Организатор на оваа традиционална трка е Сојузот на спортови на Скопје (кој е организатор на „Виз Ер Скопски Маратон“ и „Авицена Женска Трка“), во соработка со А.К. „Работнички“ и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република С. Македонија. Насловен спонзор на „HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10 км“ е HalkBanka, а покровител е Агенцијата за млади и спорт. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација.
Имено, уште еден член на АК „7 Ноември“- Гевгелија на третото издание на трката „ТITOV VRV SKYRACE 2021“ постигна врвни резултати. Маратонката Валентина Узунова на екстремната високопланинска трка со вкупна должина од 20 километри и висинска денивелација од 1900 метри го освои првото место во женска конкуренција 50+, со истрчано време од 4 часа, 54 минути и 34 секунди.