
Поетско-музички настан во Гевгелија- „Да водиме љубов, а не војна!“
На
20.06.2021 (недела), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, се одржа поетско-музичкиот настан „Да водиме љубов, а не војна!“ Настанот беше во организација на Марин Бабиќ, а настапуваа: Огнен Јанески, Игор Узунов, Љупчо Шилоски- Шилото, Александра Трајчевска и Андријана, Светлана и Љупчо од „trio Bebuli“.
Имено, „Да водиме љубов, а не војна!“ е културен настан кој беше исполнет со поезија и музика. Преку уметноста се испратија пораки за љубов и мир како универзални вредности, насушно потребни денес.