
Узунчеви од РК „Партизан“- Гевгелија дел од собирот на кадети
Машката
кадетна репрезентација го имаше првиот собир во спортската сала, во Автокоманда, Скопје, на кој учествуваа браќата Узунчеви од РК „Партизан“- Гевгелија. Имено, Тодор и Димитар Узунчеви беа рангирани на списокот, објавен од селекторот на машките ракоменти репрезентации, Кире Лазаров, за ракометари, од кои ќе се прави селекција на играчите за настап на кадетскиот ЕХФ шампионат во РСМ, во август, 2021 година. Самото повикување во овој поширок список на ракометари кадети е голем успех за овие играчи кои се и најмладите помеѓу 37-те на списокот на селекторот Кире Лазаров, родени во 2002 година. Од поширокиот список со 39 ракометари, дел ќе отпаднат, па официјалните подготовки, веројатно, ќе се одвиваат со дваесетина ракометари.
Кадетскиот ЕХФ шампионат ќе се одржи во Скопје од 9 до 15 август со седум репрезентации. Македонија е во групата А заедно со Полска и Грција, откако Естонија го откажа своето учество, додека во групата Б се Швајцарија, Украина, Грузија и Босна и Херцеговина. Победникот од овој ЕХФ шампионат обезбедува место меѓу најдобрите 16 во Европа, односно место на Европското првенство, не само за следната генерација на кадети, туку и во младинска конкуренција.