
Танцовото студио „Мистик“- Гевгелија со годишен концерт
На 25 јуни,
2021 година на Ракометното игралиште, на Градскиот стадион во Гевгелија, традиционално, со почеток во 21 часот, танцовото студио за хип-хоп и модерни танци „Мистик“ од Гевгелија го одржа Годишнит концерт. Членовите на ова студио, кое е формирано во 2008 година во просториите на Пионерскиот дом во Гевгелија, под раководство на Александар Аврамов, се претставијљ пред гевгеличани со кореографии инспирирани од урбаната и поп-културата на денешницата, оригинални и својствени за Мистик.
- Претходната година (2020) сите нè затекна неподготвени и главните проекти на „Мистик“ останаа нереализирани. Оваа година, иако постои преполовување во членството на „Мистик“, бевме подготвени да го дадеме на градот она што е наш заштитен знак, а тоа не се натпреварите и настапите надвор, туку целовечерен концерт на којшто го славиме танцот во Гевгелија. Оваа година, знаевме дека предизвиците со пандемијата ќе продолжат. Но, не смеевме ни да дозволиме целиот труд, сите идеи и креирања да останат само за нас. Што се однесува до часовите и тренинзите, имавме комбинирана настава. Дел од учениците доаѓаа во студио во периодот кога беше дозволено, дел од учениците посетуваа часови исклучиво онлајн. Главните подготовки за завршната претстава се одвиваа на отворен простор, во парк и терени за спорт.
Иако бројот на членови е помал од вообичаениот за нашите завршни претстави, не дозволивме квалитетот да биде компромитиран. Материјалот којшто го креиравме, е современ и инспириран од урбанта и поп-културата на денешницата, а во исто време е оригинален и својствен за „Мистик“, истакна Александар Аврамов, кореограф и раководител на танцовото студио за хип-хоп и модерни танци „Мистик“- Гевгелија.
Годишниот концерт на „Мистик“, 2021 година е влезен во Програмата на Општина Гевгелија за финансирање на спортските активности, за 2021 година.