
KMФ турнир 2021 во мал фудбал
Во тек е
одржувањето на КМФ турнирот 2021 во мал фудбал, во населеното место Миравци, чиј организатор е здружението КМФ- Миравци. Исиот започна на 19 јули, а ќе трае до 8 август, 2021 година. Подготовките за одржување на турнирот започнаа викендот кога беше извршено ждребувањето на екипите кои ќе се натпреваруваат во мал фудбал. Пријавени се 24 екипи во сениорски ранг, а 12 јуниорски екипи. Распоредот за одржување на натпреварите се објавува на Фејсбук-страницата на КМФ- Миравци.
Свеченото отворање започна со напреварите помеѓу екипите Бачило Миравци - Кафе бар Проект Јосифово (1:4) и Кафе Париз Миравци - Фризерско студио Кинг Гевгелија 0:11. Во вторникот се натпреваруваа екипите Живинарска фарма Стокол Гевгелија - М-Тек Богданци (7:2) и Демир Капија - Млекара Вардарец Удово (3:4), а во средата Бел рај Миравци - Вамеса Гевгелија (0:5), сен. Црна Река Возарци - Кафе бар Проект Јосифово (3:2) и сен. Бачило Миравци - Црна Река Возарци (6:9). Денеска, ќе бидат одржани натпреварите помеѓу фудбалските екипи Лозари Кавадарци - Лаки 7 Богданци и Алупласт Васил Јосифово - Златара Ани Гевгелија.
На крајот од турнирот ќе бидат прогласени победниците, за кои се обезбедени парични награди во висина од 210.000 денари. Од кои 100.000 денари за прво место, 60.000 денари за освоено второ место, 40.000 денари за трето место и 10.000 денари за четврто место.
Имено, КМФ турнирот 2021 во мал фудбал е продолжение на веќе препознатливиот Mеморијален турнир „ТИХО“, а веќе втора година го организираат млади и амбициозни луѓе кои се обидуваат да го задржат духот и традицијата на спортот во Миравци. Истиот е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2021 година.