
Прогласени најдобрите на Музичкиот фестивал „ЕВРОПОРТА- ФЕСТ 2021“
Вчера, во
„Де факто“, беа прогласени победниците на Музичкиот фестивал „ЕВРОПОРТА- ФЕСТ 2021“, во организација на здружението „Внимание“ од Гевгелија. На крајот од овој дводневен настан, по соло и настапите во состав на учесниците од Гевгелија, Богданци, Валандово и Струмица, стручната жири-комисија: Боби Ѓошиќ, Александар Бончев и Елисавета Бончева и Маја Зафирова, имено и ментори на учеснивите, ги оценија вокалните способности и сценскиот настап, ги сумираа резултатите и едногласно одлучија победници да има во повеќе категории.
Имено, во категоријата на учесници од 13 до 18 години, првото место го понесе Ања Поп-Костова, второто место и припадна на Тамара Томова, а третото на Патриција Петкова. Победникот Филип Ангов, второрангираната Кристина Терзиева и треторангираните Серафина Горбашлиева и Анела Николова се најдобрите помеѓу возрасната група од 19 до 24 години. Од настапите во состави, првото место им припадна дуетот Филип Ангов и Серафина Горбашлиева, второто на дуетот Ѓорге Митров и Ангелина Несторова и на триото Кристина Терзиева, Анела Николова и Тамара Томова, а третото на квартетот Дијана Јакимова, Марија Папучиева, Ања Поп-Костова и Ангела Зафирова.
Проект-координаторот Маја Зафирова, претседател на здружението „Внимание“, истакна голема благодарност до сите учесници за учеството на Фестивалот, нагласувајќи дека за неа сите се победници. Голема благодарност истакна и до поддржувачите на овој проект: Oпштина Гевгелија, „Риверсофт“, „ДНКВ Комерц“, „Стокомак“, „Гари Компани“, „Џиви Компани“, „Заре Комерц“, „Баламов Компани“, „Сага Грос“, „Стама ДООЕЛ“, бутик „Перла“, „Де Факто“ и родителите и верната публика.
На Фестивалот учествуваа: Ѓорге Митров, Ангелина Несторова, Патриција Петкова, Дијана Јакимова, Серафина Ѓорбашлиева, Ања Поп-Костова, Мартин Костадинов, Филип Ангов, Марија Папучиева, Ели Бојмалиева, Ангела Зафирова, Кристина Терзиева, Анела Николова и Тамара Томова, исполнувајќи странска и домашна музика.