
Меморијалниот турнир за Пенов заврши со прогласувањето на победниците во баскет
На 4 август,
2021 година, на роденденот на Иван Пенов- кошаркарот на КК „Кожув“, кој прерано и трагично го загуби животот во февруари оваа година, заврши Меморијалниот турнир во баскет, во негова чест, со прогласувањето на победниците.
Во финалето на натпреварувачи родени 2000 до 2005 година победник стана екипата на „Пена 1“ која ја совлада екипата на Urban caffe со 21:17. Во натпревар за третото место, екипата на „No limits“ беше подобра од „Кичуков компани“ со 21-20. Во Финалето на натпреварувачи родени 2006 до 2011, екипата на „Alphas“ беше подобра од екипата на „Кожув“ со резултат 15-13. За победник во шут за 3 поени беше Никола Бојчев, за МВП на турнирот беше прогласен Јован Масловариќ, а за МВП на финалето- Димитар Јанев. Победниците добија и парични награди, за прво место 400, за второ 200, а за трето место 100 евра.
Натпреварите на турнирот се одиграа во вечерните часови, на кошаркарското игралиште зад Детската градинка „Цветови“, проследени од љубителите на кошарка. Најблиските на Иван Пенов ја исполнија целта- името на Иван Пенов да остане запаметено, со тоа што игралиштето ќе го користат сите деца кои сакаат да спортуваат и играат кошарка, продолжувајќи го спортксиот пат на прерано згаснатиот кошаркар. За што, Општина Гевгелија им излезе во пресрет на барањето, давајќи го ова игралиште за таа цел, со намена за јавна употреба и уредување на игралиштето.