
Учество на членовите на АК „7 Ноември“- Гевгелија на „Охрид трчат“ и Треил-трка во Грција
Седум атлетичари
од гевгелискиот Атлетски клуб „7 Ноември“ беа дел од 6 издание на „Охрид трчат“. Никола Ковачев, Ангел Делиќ, Ристо Чалков, Цеца Србова, Живко Петков, Благојче Темелковски и Мијалчо Андоновски зедоа учество на трката на 5 километри во машка и во женска конкуренција, како и во машка конкуренција на полумаратонската трка. Сите покажаа голема професионалност и максимална издржливост и во двете трки, со што уште еднаш достојно го презентираа гевгелиското маратонско трчање во чест на лицата со ретки болести.
Драган Ристов и Дарко Прошевски, членови на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија, го претставија својот клуб на Sultanitsa Trail Run во Грција. Двајцата трчаа по падините на планинскиот венец Керкини, која патека беше во должина од 8,1 км.