
Успешни атлетичарите на АК „7 Ноември“ на 4 трки за еден викенд
13 члена на
АК „7 Ноември“- Гевгелија учествуваа на 3 манифестација „На Струмица на улица“, натпреварувајќи се на трките на 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција. На трката на 5 километри, во машка конкуренција, Атанас Епов го освои второто место, Ристо Чалков шестото место, Стојан Делев тринаесеттото место, а Никола Ковачев четиринаесеттото место. Додека, во женска конкуренција, Цеца Србова го освои третото место. На трките во 10 километри, во машка конкуренција, третото место му припадна на Тодор Анчев, а второто место во женска конкуренција на Валентина Узунова. На полумаратонската трка, Мијалчо Андоновски се позиционира на 23 место.
На трката „Трчаме за Рацин“ во Велес, Атанас Епов го освои првото место на трката на 5 километри во машка конкуренција. Одлични резултати покажаа и Ристо Чалков, кој се позиционира на четвртото место и Никола Ковачев на единаесеттото. На трката на 5 километри, Цеца Србова го освои единаесеттото место, а Валентина Узунова осмото и првото место во својата категорија, постигнувајќи го истиот резултат и на планинаската трка „Титов врв скајрејс“ на Шар Планина. На која учествуваа и Методија Ичев и Мијалчо Андоновски.
Со учеството на Дарко Прошевски на „Националното Триатлон Првенство 2022“ во Дојран, кој заврши на 11 место во категоријата Мастерс, АК „7 Ноември“ запиша уште 4 успешни трки во својата листа на истрчани атлетски натпревари за 2022 година.