Ристо Чалков донесе нов успех за АК „7 Ноември“ на трката во Грција
Ристо Чалков, од десетте члена
на АК „7 Ноември“- Гевгелија кои зедоа учество на трката „Термаикос“ во Република Грција, во машка конкуренција, го освои третото место. Со завршница од 53 минути и 47 секунди, Чалков на подиумот застана рамо до рамо со јужните соседи- атлетичари. Меѓу жените, Валентина Узунова се позиционираше на шестото место.
На оваа трка, долга 14 километри, од АК „7 Ноември“- Гевгелија трчаа: Драган Ристов, Тодор Анчев, Валентина Узунова, Игор Коцевски, Ангел Делиќ, Живко Петков, Томе Каркалашев, Срѓан Милошевски и Мијалчо Андоновски.