Прва награда за пензионерската пејачка група од Гевгелија на Меѓународниот натпревар во Ќустендил
Пејачката група на
Здружението на пензионери од Гевгелија „Сава Михајлов“ се врати со прва награда од Меѓународниот натпревар за шлагерска и староградска песна „Пеј ја срце“, во Ќустендил, Бугарија. Во конкуреција помеѓу 70 групи од Србија, Бугарија и Македонија, претставувајќи се со песните „Сношти сакав да ти дојдам“, „Ој ти, моме, лудо ли си“ и „На срце ми стар мерак лежи“ го освоија првото место на Меѓународниот фестивал, чиј организатор е Центарот на заедницата „Братство 1869“ и Општина Ќустендил.